Оддел за бубрежна трансплантација

Годишно на одделот се припремаат и процедурираат трансплантации на бубрег од жив дарител, како и зависно од добиените кадаверични органи, во просек се прават 6-12 трансплантации од пациенти со утврдена мозочна смрт како дарители на солидни органи. Следењето на сите пациенти се одвива преку амбулантата за трансплантирани пациенти, а по потреба и на одделот кој има во моментов 8 кревети за оваа и друга намена.

Во однос на регистрите за припрема за примање на кадаверичен орган, потенцијалните реципиенти исто така се подготвуваат амбулантски и со помош на матичните дијализни лекари. . Самите трансплантации се со постоперативно следење од нашиот лекарски тим на Клиниката за урологија со која што имаме взаемна тесна соработка.

Сите потенцијално потребни иследувања и процедури во однос на мониторинг на трансплантираните пациенти се возможни и редовно се одвиваат преку амбулантската и стационарна дејност, во соработка со Институтот за клиничка биохемија, трансфузиологија и имунологија, радиологија и нуклеарна медицина.

Во амбулантата пациентите имаат можност за лекување со закажување на преглед во редовни термини, односно со потреба и со приоритетни упати, иако за итните трансплантациски проблеми консулатациите непречено се одвиваат и се покриени на Клиниката 24/7. За сите прашања во однос на трансплантацискиот програм пациентите имаат можност да изберат лекар, дојдат на закажаниот термин, и ги добијат соодветните информации.

Лекување со трансплантација на бубрег

Амбулантско следење на пациентите

Припрема на потенцијални донори на бубрег

Клинички испитувања

Контакт податоци

Проф.др Гоце Спасовски

Виолета Танчевска

gocespasovski@nefrologija.mk

Професор д-р Гоце Спасовски, Супспецијалист- нефролог, Раководител на оддел за бубрежна трансплантација

Медицински кадар

Skip to content