Оддел за хронична хемодијализа
Во одделот за хронична хемодијализа се прифаќаат и лекуваат пациенти со бубрежна болест во фаза на започнување со дијализно лекување како и дијализно лекување на стационарни пациенти хоспитализирани на другите клиники. Тие се лекуваат со таканаречена клиничка хемодијализа.
Исто така, спроведува и амбулантски третман со хронична интермитентна дијализа во склоп на својата програма за хронична дијализа. По индикација се одредува и спроеведува примена на други методи на бубрежно заместителна терапија и модификација на рутинските дијализни третмани како што се проширена хемодијализа, плазмафереза, афереза, имуноадсорпција, континуирана веновенска хемодијафилтрација. Нудиме посебен индивидуален третман за пациенти со МРСА инфекција и ХЦВ позитивитет.
Во склоп на одделот за хронична хемодијализа се врши едукација на здравствен кадар (лекари и медицински сестри).
Клиничка хемодијализа
Развојна програма
Бубрежна надоместувачка терапија
Едукација на стручен кадар
Контакт податоци
- Раководител на оддел
Владимир Пушевски
- Одговорна сестра
Вукосава Челикиќ
- Е-маил контакт
vladimirpushevski@nefrologija.mk