За клиниката
Стручна медицинска помош во областа на нефрологијата
Дополнително, клиниката изградува и спроведува стручно-медицинки доктринарни критериуми во својата област и укажува стручно методолошка помош на здравствените установи од областа на нефрологијата, како и обезбедување со лекови на болнички третираните пациенти.
194
Проверете ги слободните термини на нашите доктори
Најновите информации се достапни преку системот Мој Термин
СЕКОЈДНЕВНА ГРИЖА ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ
Оддели и услуги
Во Одделот за интензивна нефролошка нега се лекуваат пациенти со дијагностицирано акутно бубрежно оштетување, акутно влошена бубрежна болест, терминална хронична бубрежна болест со потреба од конзервативен или дијализен третман и критично болни со нефролошко засегање и постоење на мултисистемска слабост.
Во Одделот за бубрежна трансплантација се врши следење и информирање на пациентите со хронична бубрежна болест стадиум 4 и 5 за процесот и можностите за лекување со трансплантација на бубрег
Во Одделот за хронична хемодијализа се прифаќаат и лекуваат пациенти со бубрежна болест во фаза на започнување со дијализно лекување.
Одделот за нефролошка специјалистичко консултативна дејност со дневна болница опфаќа систем на мерки, активности и постапки со цел дијагностицирање и лечење, како и превенција на настанување прогресија и компликации на болните со бубрежни заболувања во случај кога не е потребно превземање на болничко лекување.
Одделението за функциоструктурна процена и хипертензија постои од 1978 година. Болничката дејност на одделението се фокусира на дијагностички постапки и лекување на различни нефролошки состојби и заболувања.
Одделот за васкуларни пристапи спроведува амбулантска, специјалистичко- консултативна, едукативна и хоспитална дејност во делот на обезбедување, одржување, следење и решавање на компликациите поврзани со привремените и трајните васкуларни пристапи за хемодијализа, без разлика дали се работи за пациенти со акутно или хронично бубрежно оштетување.
Преку одделот се врши етиолошка процена, дијагностика и лекување на нефролошки болни, со посебен осврт на пациентите со гломерулонефрити.
Во Одделот за перитонеална дијализа се лекуваат болни со хронична бубрежна болест во стадиум 5 кај кои постои медицинска индикација и можност за лекување со перитонеална дијализа.
Одделение за сметководство Одделението за сметководство врши евидентирање на настанатите деловни промени во главна книга и аналитика.Се грижи за наплата на побарувањата од коминтентите и плаќање на достасаните обврски(долгови) на добавувачите.Го изработува годишниот план на приходи и расходи по квартали и ја следи неговота реализација.Учествува во изготвувањето на Стратешкиот и Оперативниот план за работа. Изработува квартални, полугодишни и годишни извештаи за видот и обемот на реализираните здравствени услуги во стационар,[…]
Одделение за јавни набавки Одделението за јавни набавки учествува во изготвувањето на годишниот план за јавни набавки и ги планира, реализира и контролира набавките на стоки, услуги и работи за потребите на клиниката за тековната година согласно одобрените средства во буџетот. Ги изготвува Одлуките за јавна набавка, за избор и поништување на јавна набавка. Ги објавува огласите за јавни набавки во ЕСЈН. Дава стручна и техничка помош на Комисиите за[…]
НАШИТЕ ДОКТОРИ
Персонал посветен на грижата за вашето здравје
- Професионалност
- Медицинска нега
- Комуникација со пациентите
- Стручен кадар
- Врвна грижа
- Достапни услуги
Често поставувани прашања
Добијте одговор на секое прашање
Направивме листа на најчесто поставуваните прашања поврзани со работењето на нашата клиника. Пред да стапите во контакт со нашиот тим, проверете дали вашето прашањето е во оваа листа.