Оддел за нефролошка специјалистичко консултативна дејност со дневна болница
Одделот за нефролошка специјалистичко консултативна дејност со дневна болница опфаќа систем на мерки, активности и постапки со цел дијагностицирање и лечење, како и превенција на настанување прогресија и компликации на болните со бубрежни заболувања во случај кога не е потребно превземање на болничко лекување.
На осигурените лица им пружа целосна, квалитетна, навремена, економична, ефективна и ефикасна специјалистичко-консултативна здравствена заштита со примена на медицина заснована на докази, во согласност со одредбите на законот за здравствена заштита и законот за здравствено осигурување. Иницира, применува, изведува и го следи и контролира ефектот од рутински и специфични превентивни, дијагностички, тераписки или други постапки, вклучувајќи ја супституционалната терапија (крвни трансфузии, плазми, албумини, венско железо и др.), специфичната терапија (еритропоетин) и др.
Одделот за нефролошка специјалистичко консултативна дејност со дневна болница изведува клинички студии поврзани со овој начин на лекување и испитување на нови методи и лекови.
Контакт податоци
- Раководител на оддел
Доц.др Лада Трајческа
- Одговорна сестра
Лилјана Божиновска
- Е-маил контакт
ladatrajceska@nefrologija.mk