Одделение за јавни набавки

Одделението за јавни набавки учествува во изготвувањето на годишниот план за јавни набавки и ги планира, реализира и контролира набавките на стоки, услуги и работи за потребите на клиниката за тековната година согласно одобрените средства во буџетот. Ги изготвува Одлуките за јавна набавка, за избор и поништување на јавна набавка. Ги објавува огласите за јавни набавки во ЕСЈН. Дава стручна и техничка помош на Комисиите за јавни набавки околу спроведувањето на постапките за јавни набавки. Врши испитување на пазарот за движење на цените, понудата и понудувачката на пазарот на стоките, услугите и работите. Ги ажурира податоците кои се доставуваат до ЕСЈН, соработува и дава информации и извештаи до Бирото за јавни набавки. Дава насоки и упатства во врска со постапување во жалбена постапка, во соработка со Комисијата за јавни набавки.

Контакт податоци

nabavki@nefrologija.mk

Skip to content