Оддел за васкуларни пристапи
Одделот за васкуларни пристапи спроведува амбулантска, специјалистичко- консултативна, едукативна и хоспитална дејност во делот на обезбедување, одржување, следење и решавање на компликациите поврзани со привремените и трајните васкуларни пристапи за хемодијализа, без разлика дали се работи за пациенти со акутно или хронично бубрежно оштетување. Воедно оваа дејност се изведува и за други клиники, за кои треба да се обезбеди васкуларен пристап за спроведување на одредена терапевтска метода која се изведува на тие клиники. На одделот се врши и ултрасонографска, доплерска процена за креирање, следење и поставување на васкуларните пристапи за хемодијализа. Одделот за васкуларни пристапи изведува клинички студии поврзани со овој начин на лекување и испитување на нови методи и лекови.
Следење и решавање на компликации
Васкуларни пристапи за хемодијализа
Ултрасонографска, доплерска процена
Клинички студии
- Раководител на оддел
Научен соработник доктор Звездана Петрониевиќ
- Е-маил контакт
nefrologijask@yahoo.com

- Доктори на оддел
Научен соработник доктор Владимир Пушевски
- Е-маил контакт
nefrologijask@yahoo.com

- Доктори на оддел
Научен соработник доктор Никола Ѓорѓиевски
- Е-маил контакт
nefrologijask@yahoo.com

- Доктори на оддел
Асистент доктор Зоран Јаневски
- Е-маил контакт
nefrologijask@yahoo.com

- Доктори на оддел
Доктор Јулија Успрцов
- Е-маил контакт
nefrologijask@yahoo.com
- Одговорна сестра
Кристина Темова
- Е-маил контакт
nefrologijask@yahoo.com






