Оддел за перитонеална дијализа
Во Одделот за перитонеална дијализа се лекуваат болни со хронична бубрежна болест во стадиум 5 кај кои постои медицинска индикација и можност за лекување со перитонеална дијализа.
Во Одделот за перитонеална дијализа се лекуваат болни со хронична бубрежна болест во стадиум 5 кај кои постои медицинска индикација и можност за лекување со перитонеална дијализа.
Преку одделот се врши етиолошка процена, дијагностика и лекување на нефролошки болни, со посебен осврт на пациентите со гломерулонефрити.
Одделот за васкуларни пристапи спроведува амбулантска, специјалистичко- консултативна, едукативна и хоспитална дејност во делот на обезбедување, одржување, следење и решавање на компликациите поврзани со привремените и трајните васкуларни пристапи за хемодијализа, без разлика дали се работи за пациенти со акутно или хронично бубрежно оштетување.
Одделението за функциоструктурна процена и хипертензија постои од 1978 година. Болничката дејност на одделението се фокусира на дијагностички постапки и лекување на различни нефролошки состојби и заболувања.
Одделот за нефролошка специјалистичко консултативна дејност со дневна болница опфаќа систем на мерки, активности и постапки со цел дијагностицирање и лечење, како и превенција на настанување прогресија и компликации на болните со бубрежни заболувања во случај кога не е потребно превземање на болничко лекување.
Во Одделот за хронична хемодијализа се прифаќаат и лекуваат пациенти со бубрежна болест во фаза на започнување со дијализно лекување.
Во Одделот за бубрежна трансплантација се врши следење и информирање на пациентите со хронична бубрежна болест стадиум 4 и 5 за процесот и можностите за лекување со трансплантација на бубрег
Во Одделот за интензивна нефролошка нега се лекуваат пациенти со дијагностицирано акутно бубрежно оштетување, акутно влошена бубрежна болест, терминална хронична бубрежна болест со потреба од конзервативен или дијализен третман и критично болни со нефролошко засегање и постоење на мултисистемска слабост.