Одделение за сметководство

Одделението за сметководство врши евидентирање на настанатите деловни промени во главна книга и аналитика.Се грижи за наплата на побарувањата од коминтентите и плаќање на достасаните обврски(долгови) на добавувачите.
Го изработува годишниот план на приходи и расходи по квартали и ја следи неговота реализација.Учествува во изготвувањето на Стратешкиот и Оперативниот план за работа. Изработува квартални, полугодишни и годишни извештаи за видот и обемот на реализираните здравствени услуги во стационар, амбуланта и дневна болница.
Изготвува и доставува до ФЗОМ неделни извештаи за висината на вкупните долгови на клиниката.
Учествува во изготвувањето на алатката (BSC), во делот на финансиите, и истата ја доставува до Министерството за здравство.
Врши усогласување на книговдствената состојбата на средствата, побарувањата и обврските со фактичката состојба утврдена со пописот.
Изготвува годишна(завршна) сметка, информации и извештаи и ја усогласува книговдствената состојбата на средствата, побарувањата и обврските со фактичката состојба утврдена со пописот.
Изработува пресметка на плата и надоместоци, изработува годишни даночни пријави поединечно за секој вработен за платени придонеси и персонален данок.

Контакт податоци

Skip to content