Сектор за административни-правни работи и човечки ресурси

Во Секторот за административни-правни работи и човечки ресурси се извршуваат административно-правни работи за потребите на Клиниката, за седници на Управниот одбор и Стручниот колегиум. Се врши прием, заверување на документи и експедиција, нивно архивирање и чување.Се изработуваат дописи за потребите на клиниката и за комуникација со други институции.
Во делот на човечките ресурси се обезбедува ефикасна примена на законите, прописите, правилата и постапките за вработување, унапредување, мобилност на вработените и престанок на работниот однос. Се води евиденција за стручното усовршување и унапредување на вработените, а за сите наведени постапки се изработува потребната документација. Се постапува по доставени преставки и предлози и се посредува при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во секторот се вршат нормативно-правни и стручно-оперативни работи со примена на законите и другите прописи кои се однесуваат на работењето на клиниката. Учествува во подготовка на Статутот, Стратешкиот план, Оперативниот план за работа, изработува Програми, Правилници и други општи акти. Со овластување од директорот се водат и спроведуваат постапки за утврдување на одговорност на вработените за повреда на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски. Изработува и развива процедури од надлежност на секторот.

Контакт податоци

Анета Костовска

¼-a ñ¿»½. »aá󡿬 Ç¡ÑGá è«ßG«ó߬á, Éᬫó«ñ¿Gѽ ¡á æѬG«a ºá áñ¼¿¡¿ßGaáG¿ó¡¿- »aáó¡¿ aáí«G¿ ¿ t«óÑt¬¿ aÑßpaß¿