Оддел за Етиолошка ултрасонографска и интервентна нефрологија
Преку одделот се врши етиолошка процена, дијагностика и лекување на нефролошки болни, со посебен осврт на пациентите со гломерулонефрити. Покрај тоа се следат и лекуваат пациенти со адултна полицистична бубрежна болест, како една од најчестите хередитарни бубрежни заболувања, со скрининг и на семејствата на овие болни.
На одделот работат 3 доктори, 7 медицински сестри и 2 лаборанти.
Во склоп на Одделот работи лабораторија која покрај рутинска анализа на урината, со седимент, работи и на откривање на Еозинофилурија и дизморфични еритроцити во урина. Одделот врши и лабораториска дејност од имунопатологија со имунофлоресцентна процена на ренална биопсија.
Во склоп на Одделот е и Кабинетот за ренална ехосонографија, каде покрај еходијагностика со морфолошка процена на бубрежните болести, функционира и дел за интервентна ехосонографија.
Денес во Кабинетот работат 10 лекари од другите оддели на Клиниката, кои се обучени за еходијагностика со амбулантски прегледи, а 5 од нив работат на интервентни процедури како ренална биопсија, биопсија на простата, пункција на цисти, поставување нефростома.
Одделот за Етиолошка ултрасонографска и интервентна нефрологија изведува клинички студии поврзани со оваа проблематика со цел испитување на нови методи и третман на пациентите.
Контакт податоци
- Раководител на оддел
Проф др.Весна Ристовска
- Одговорна сестра
Љубица Ристовска
- Е-маил контакт

Медицински кадар

Асистент доктор Зоран Јаневски

Асистент д-р Александра Цаневска Танеска
