Одделение за јавни набавки
Одделение за јавни набавки Одделението за јавни набавки учествува во изготвувањето на годишниот план за јавни набавки и ги планира, реализира и контролира набавките на стоки, услуги и работи за потребите на клиниката за тековната година согласно одобрените средства во буџетот. Ги изготвува Одлуките за јавна набавка, за избор и поништување на јавна набавка. Ги објавува огласите за јавни набавки во ЕСЈН. Дава стручна и техничка помош на Комисиите за[…]
Одделение за сметководство
Одделение за сметководство Одделението за сметководство врши евидентирање на настанатите деловни промени во главна книга и аналитика.Се грижи за наплата на побарувањата од коминтентите и плаќање на достасаните обврски(долгови) на добавувачите.Го изработува годишниот план на приходи и расходи по квартали и ја следи неговота реализација.Учествува во изготвувањето на Стратешкиот и Оперативниот план за работа. Изработува квартални, полугодишни и годишни извештаи за видот и обемот на реализираните здравствени услуги во стационар,[…]
Оддел за перитонеална дијализа
Во Одделот за перитонеална дијализа се лекуваат болни со хронична бубрежна болест во стадиум 5 кај кои постои медицинска индикација и можност за лекување со перитонеална дијализа.
Оддел за етиолошка ултрасоногравска и интервентна нефрологија
Преку одделот се врши етиолошка процена, дијагностика и лекување на нефролошки болни, со посебен осврт на пациентите со гломерулонефрити.
Оддел за васкуларни пристапи
Одделот за васкуларни пристапи спроведува амбулантска, специјалистичко- консултативна, едукативна и хоспитална дејност во делот на обезбедување, одржување, следење и решавање на компликациите поврзани со привремените и трајните васкуларни пристапи за хемодијализа, без разлика дали се работи за пациенти со акутно или хронично бубрежно оштетување.
Оддел за функциоструктурна процена и хипертензија
Одделението за функциоструктурна процена и хипертензија постои од 1978 година. Болничката дејност на одделението се фокусира на дијагностички постапки и лекување на различни нефролошки состојби и заболувања.
Оддел за нефролошко специјалистичко консултативна дејност со дневна болница
Одделот за нефролошка специјалистичко консултативна дејност со дневна болница опфаќа систем на мерки, активности и постапки со цел дијагностицирање и лечење, како и превенција на настанување прогресија и компликации на болните со бубрежни заболувања во случај кога не е потребно превземање на болничко лекување.
Оддел за хронична хемодијализа
Во Одделот за хронична хемодијализа се прифаќаат и лекуваат пациенти со бубрежна болест во фаза на започнување со дијализно лекување.