Денеска на Универзитетската клиника за урологија, заедно со националната координаторка за трансплантација проф. д-р Биљана Кузмановска, директорот на Клиниката за урологија д-р Башким Шабани и директорот на Клиниката за нефрологија д-р Никола Ѓорѓиевски, ги посетив пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег: двајца од починат дарител и еден од жив дарител. Им посакав брзо закрепнување и долг, квалитетен живот без дијализа.
🙏 До семејството на починатиот дарител
Во најтешкиот момент, кога се простувавте од својот најблизок, ја донесовте одлуката да им подарите живот на други. Ви благодарам од срце, лично и во име на сите граѓани.
💙 До живиот дарител
Ви благодарам што дел од себе му подаривте на својот најблизок.
👨‍⚕️ До тимовите
✅ На хирурзите, анестезиолозите, нефролозите и медицинските сестри кои ги изведоа трансплантациите
✅ На сите кои учествуваа во координацијата на дарувањето, од првиот разговор со семејството до операционата сала
📊 Трансплантации годинава
✅ Со овие три трансплантации, годинава се изведени вкупно 15 трансплантации на бубрег, во споредба со 11 во целата 2025 година
✅ До крајот на годината се планирани уште три трансплантации од жив дарител
💚 Дарувањето органи спасува животи
Еден починат дарител може да им помогне на повеќе пациенти
Многу наши сограѓани сè уште чекаат на листата за трансплантација
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
Skip to content