Комплетно е реконструиран хоспиталниот дел на третиот кат од Клиниката за нефрологија во Скопје.
Министерот за здравство Беким Сали ја посети Клиниката.
-Извршена е комплетна реконструкција на хоспиталниот дел на трети кат, на Клиниката за нефрологија, со вкупна површина од 650 м2 која опфаќа замена на кровниот дел, комплетно реконструиран е целиот оддел и набавени се нови болнички кревети – соопштија од министерството.
Од таму информираат дека со ова се заокружува целосното реновирање на целокупниот простор на клиниката од вкупно 1400 м2. поделени на 2 ката.
Исто така, комплетно е заменета и апаратурата на клиниката и набавени се нови апарати за хемодијализа, соопштија од МЗ.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/684856639872770/