Во рамки на процесот за акредитација на ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје, на 26.02.2026 и 27.02.2026 година започна надворешното оценување за исполнетост на стандардите за квалитет и безбедност на пациентите.
Нашите тимови работеа посветено во подготовката на клиниката, со цел унапредување на здравствената грижа за нашите пациенти.











