Подигнувањето на јавната свест на граѓаните за донирање органи и трансплантација се прави преку отворен разговор и поттикнување да се надминат сите недоразбирања и да се постигне повисоко ниво на едуцираност на обичниот граѓанин – потенцијален дарител. Треба да се искористи секоја прилика за дискусија и секој граѓанин да се поттикне да размисли и да донесе информирана одлука за органодарителство. Личната волја е неприкосновена, а за дарувањето на органи за време на животот и после смртта, законските измени кои се донесоа, искуствата од работата со пациентите, семејствата, членовите и граѓаните отворено дискутиравме и денес како и секој друг ден. Благодарност до тимот на Utrinska na Telma / Утринска на Телма и до Dr. Galina Severova од ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје за соработката. Погледнете го видеото од гостувањето: https://www.youtube.com/watch?v=IVfuNAfoHbg

Skip to content