На 25.11.2024 година во Хотел Панорамика се одржа стручен настан на тема “Болеста на Фабри-дијагноза, третман и предизвици во Македонија. Активен допринос на средбата со свои излагања дадоа претставници од стручната фела на Универзитетските клиники за нефрологија, кардиологија, неврологија и очни болести, кои успееја да направат целисходен приказ на различните манифестации и афекции кои може да ги даде Болеста на Фабри и со тоа да ја подигнат свесноста за нејзино рано препознавање и третман.
Skip to content