Органодарителството во Македонија претставува чин на врвна солидарност и хуманост кој спасува животи. Една одлука за дарување може да спаси повеќе животи и да обезбеди иднина за многу пациенти кои чекаат на трансплантација.
Директорот на Клиниката за нефрологија, Никола Ѓорѓиевски вели дека во моментот околу стотина пациенти имаат потреба од бубрежна трансплантација и околу 100 пациенти кои што имаат потреба за дополнителни испитувања. Посочи дека потребна е континуирана кампања за подигнување на свеста за органодарителство.
Никола Ѓорѓиевски – директор на Клиниката за нефрологија
„Зошто ја истакнуваме важноста на трансплантацијата? Трансплантацијата е метода во медицината која што овозможува комплетна психичка-физичка и социјална рехабилитација.Затоа уште еднаш, мојот апел е сите заеднички да го подигнеме нивот на значењето за трансплантација бидејќи на тој начин ќе помогнеме на самите себе но ќе помогнеме на нашите сограѓани.“ – вели Никола Ѓорѓиевски, директор на Клиниката за нефрологија.
Доктор Сашко Јовев, специјалист по кардиохирургија вели дека постои една група на паталци кои што започнаа со иницијатива за подигање на свеста од органидарителството што е за поздрав. Додава дека во ваквите акции треба да се вклучат сите проф. д-р Сашко Јовев -специјалист по кардиохирургија, Државна Кардиохирургија – Скопје.
„ Ние направивме трансплантација на една група успешн, малку стагнираме во овој период од разно-разни причини меѓу кои и од тоа што нема доволно дарители особено последниве неколку месеци. Но, апсолутно не се откажуваме, ќе одиме понатаму и сметам дека токму овие средби многу ќе ја подигнат свеста на нашите граѓани за органодаритеслтвото.“ – вели проф. д-р Сашко Јовев -специјалист по кардиохирургија, Државна Кардиохирургија – Скопје
На јавната панел-дискусија посветена на органодарителството во Македонија во Кавадарци, доктор Сашо Дохчев повика на свесност кај граѓаните да ги даруваат своите органи за да спасат друг живот.
Проф. д-р Сашо Дохчев, хирург, уролог, Шеф на тимот за трансплантација на бубрези при Универзитетската клиника од Скопје
„ Мораме да ја поттикнеме свеста. Ние имаме успешна приказна која провејуваше низ овие години и треба да ја продолжиме како ние постарите така и помладите. Ни фалат органи, затоа сме тука да ја поттикнеме свеста кај граѓание да органите се даруваат. Нема поголем чин на човекољубие од органодарителството.“ – вели доктор Сашо Дохчев.
Органодарителство во Македонија, е насловена јавната панел дискусија што се одржа во Кавадарци. Проф. д-р Билјана Кузмановска вели дека настанот е дел од напорите да се подигне свеста за органодарителството.
Проф. д-р Билјана Кузмановска, анестезиолог и национален координатор за трансплантација
„Денеска испишавме од болница, пациент кој што беше трансплантиран, прими орган од починат донор. Кога му кажав каде одиме, негова лична желба и замолница беше да кажеме дека е ваш сограѓанин, дека е жител на Кавадарци и дека е примател на орган и да го поддржиме органодарителството и да продолжиме со ова. Ова е порака од пациент кој штотуку доби орган.’“ – вели, проф.д-р Кузмановска.


