ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија- Скопје, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19, 275/19, 122/21 и 193/25) објавува јавен повик за избор на правнo лицe кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари –медицинска опрема и друга опрема кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија- Скопје.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари – електронска, медицинска и немедицинска опрема предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи. Движните ствари се наоѓаат во подрумските простории во Поликлиника -Чаир.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.
Лицe за контакт во врска со јавниот повик:
Влатко Савевски , телефон за контакт 070/222-922 електронска адреса:nefrologijask@yahoo.com
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија-Скопје на Ул. Водњанска бр.17 – Скопје или електронски, преку следниот линк: Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад објавен на веб страната на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија- Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 09.12.2025 година до 12:00 часот.
Комисија за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад .

симни документ

Skip to content